LVMH е највредната европска компанија

од Radmila Tasevska
130 прегледи

Францускиот гигант за луксузни стоки LVMH стана првата европска компанија што ја надмина пазарната вредност од 500 милијарди долари, благодарение на скокот на цената на акциите и зајакнувањето на еврото.

Луксузната групација контролирана од Бернард Арно, моментално најбогатата личност во светот според индексот на милијардери на Блумберг, со нето богатство од 213 милијарди долари, забележа пораст на приходите од 17 отсто во резултатите од првиот квартал.

Тоа е двојно повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Акциите на матичната компанија на брендовите Louis Vuitton, Moët & Chandon и Hennessy, потоа Givenchy, Christian Dior, Bulgari и Sephora – сосема природно и очекувано скокнаа по објавувањето на резултатите.

Акциите на самата групација, која е присутна на берзата во Париз, во понеделникот наутро поскапеа за 0,3% до 903,70 евра за парче, а благодарение на нив вредноста на LVMH беше проценета на 454 милијарди евра или 500,5 милијарди долари.

Францускиот гигант забележа приход од 79,2 милијарди евра за 2022 година, при што добивката достигна 21,1 милијарди евра, што е рекордно остварување втора година по ред.

Последните податоци, всушност, покажуваат дека побарувачката за луксузни стоки како што се чантите од Louis Vuitton и фустаните на Christian Dior – остана на истото, завидно ниво и покрај зголемената инфлација во ЕУ и зголемувањето на каматните стапки.

Слични содржини