Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска оцени дека светот е „болен“ и веројатно е на прагот на нова светска војна, но дека тоа може да се избегне.
„Светот е болен. И сосема е веројатно дека е на прагот на нова светска војна. Дали е тоа неизбежно? Не, не е“, рече Медведев за време на разговорот со учесниците на едукативниот маратон „Знаење“, пренесува РИА Новости.