Гутереш го поздрави Договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
120 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во последниот шестмесечен извештај за Косово го поздрави Договорот за патоказот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и анексот за негово спроведување, со посредство на Европската унија.

Во извештајот, тој оцени дека новата рамка за дијалог има потенцијал да го подобри процесот кон постигнување долгорочни решенија.

Како што рече, ќе биде неопходен континуиран конструктивен ангажман во сеопфатната имплементација на Договорот за да се изградат заеднички основи, да се зачува стабилноста и да се спречи каква било повторна појава на тензии и конфликти.

Слични содржини