ЈП Куманово паркинг ги демантира информациите за пајак возилото

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата вчера го исклучила до сообраќај, информираше денеска на прес конференција директорот на ЈП „Куманово паркинг“, Сашо Петрушевски.

На прес конференцијата директорот ги демантираше информациите во дел од порталите во врска со пајак возилото, а воедно тврди дека јавното претпријатие е под постојан притисок.

Како што појаснува тој, завчера возилото било стопирано од иснепктор на Државен инспекторат за транспорт и била побарана лиценца за транспорт, што како појаснува директорот, таква лиценца по закон не треба да има претпријатието.