Стоилковски објави дел од Договорот со „Бехтел и Енка“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
198 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дел од Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

„Единствена активност во оваа држава е плаќањето на 117 милиони евра, без работа на терен. И таа сума ќе надмине 300 милиони, заради пенали, пак без работа на терен. Една од ставките која што ги предвидува финансиски импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од Договорот наречен contractor establishment payment. Страница 119 од договорот, или втора страница од делот Schedule 1“, рече Стоилковски од пред местото на камен темелникот на проектот.

Тој нагласи дека свиркач го доставил Договорот до ВМРО-ДПМНЕ.

-Во слободен превод: “Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот,  да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали” (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како “и формирање лабораторија”. Се’ ама нема градилиште, нема градба, а пари се исплаќаат, кажа Стоилковски во своето обраќање.

Слични содржини