Османи: Косово треба да го претстави својот нацрт Статут за ЗСО

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска се огласи по повод средбата меѓу Белград и Приштина во Брисел и изјави дека Косово треба да го претстави својот нацрт Статут на Заедницата на српските општини, изготвен во согласност со Уставот на Косово, одлуката на Уставниот суд од 2015 година и писмениот став на САД, пренесува „Дукаџини“.

Османи изјави дека овој нацрт на Статутот на ЗСО треба да биде основа за преговори.

„Моите очекувања се дека Косово ќе има свој нацрт, не се осмелуваме да дозволиме нацртот на Управувачкиот тим, кој во реалноста е нацрт на Вучиќ, да стане основа на преговорите, бидејќи нашиот нацрт треба да биде целосно во согласност со Уставот, одлуката на Уставниот суд од 2015 година, со писмениот став на САД, и да се погрижи територијалноста и интегритетот на државата да не бидат засегнати“, продолжи Османи.

Таа смета дека сегашниот Упавувачки тим за нацрт-статутот на ЗСО не е тим што ги застапува интересите на Косово и доколку тој нацрт биде претставен, според неа, тоа априори ќе биде нацрт кој Косово не го прифаќа.

Османи нагласи дека решавањето на прашањето за исчезнатите на денешната средба е важен чекор во дијалогот со Србија, бидејќи „Србија ќе биде принудена да ги отвори архивите со сведоштвата на над 1.600 исчезнати за време на војната во Косово“.

Таа додаде дека доколку оваа декларација биде потпишана денеска, меѓународните партнери мора да се погрижат Србија да ја спроведе на терен.

„ЕУ како прва точка на дневниот ред на состанокот го наведе прашањето за насилно исчезнатите. Тоа е важен чекор во дијалогот со Србија, ќе ја натера Србија да ги отвори архивите“, рече Османи.

Слични содржини