Mansory F8XX Spider Tempesta Turchese

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Германскиот тјунер Mansory повторно се справи со модификацијата на Ferrari F8 Spider, овој пат во верзија наречена F8XX Spider Tempesta Turchese.

Накратко, овој Mansory F8XX Spider во комбинација на тиркизна и бела боја доби екстериер со елементи од јаглеродни влакна (преден спојлер, отвори за воздух, прагови, заден спојлер, заден дифузер…), како и 21-инчни тркала, модифицирани суспензија, нов издувен систем и префинета кожна внатрешност во тиркизна боја, со детали со мотиви во боите на италијанското знаме.

И конечно моторот. Во фабричкото издание, неговиот 3,9-литарски твин-турбо V8 развива 720 КС и 770 Nm вртежен момент, додека во оваа верзија Mansory е засилен на 880 КС и 960 Nm.

Забрзувањето до 100 km/h трае 2,6 секунди, а максималната брзина е 354 km/h.