238
Од српскиот Институт за трансфузија на крв велат дека многу луѓе се јавиле да донираат крв по денешното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и апелираат луѓето да продолжат да доаѓаат и во наредните денови.
„Одзивот е голем. Многу луѓе се јавија за потребите на овој немил настан. Се е обезбедено“, изјави за „Танјуг“ Мирјана Кнежевиќ од Институтот за трансфузија на крв.
Таа додава дека има голема гужва пред Центарот за трансфузија на крв и апелира луѓето да доаѓаат и во наредните денови бидејќи не се знае уште колку крв ќе биде потребна.