Папата Франциск денеска разговараше со епископот Антони од Руската православна црква.
Папата разговараше со бискупот, кој всушност е вториот највисок функционер на РПЦ, подолго отколку со другите за време на неговата аудиенција на плоштадот Свети Петар, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата соопшти дека нивниот разговор се случил неколку дена откако папата дал „збунувачки коментар“ за вмешаноста на Ватикан во мировната мисија за ставање крај на војната во Украина.
По враќањето од патувањето во Унгарија во неделата вечерта, папата беше прашан од новинар дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и претставниците на Руската православна црква можат да го забрзаат мировниот процес во Украина и да организираат средба меѓу папата и рускиот претседател Владимир Путин, на што папата одговори дека мисијата е во тек, но сè уште не е јавна.
„Кога ќе биде јавна, ќе ја откријам“, рече папата, пренесе „Танјуг“.
Тој додаде дека за ситуацијата во Украина разговарал со Орбан и со митрополитот Иларион, главниот претставник на Руската православна црква во Будимпешта.
„Ројтерс“ пренесува дека и руските и украинските власти рекле дека ништо не знаат за каква било мировна мисија на папата Франциск.