Општина Маврово и Ростуше му врачи благодарница на Битиќи за изградба на водоводната мрежа во село Скудриње

од Nikola Popovski
130 прегледи

Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, по повод 4 Мај, денот на општината, му врачи благодарница на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, за неговиот придонес во изградба на водоводната мрежа во село Скудриње преку ТАВ Програмата.

На свеченоста, градоначалникот Куртовски му се заблагодари на вицепремиерот Битиќи за помошта за изградба на водоводната мрежа во село Скудриње, но и на Владата на Северна Македонија за реализација на разните инфраструктурни проекти во нивната општина.

Во неговото обраќање пред присутните жители на Општина Маврово и Ростуше, вицепремиерот Битиќи се заблагодари за пофалницата и за добрите зборови, но подвлече дека е негова должност како вицепремиер да работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

„Се чувствувам почесен, но ова е наша должност како Влада да го подобриме квалитетот на живот на сите наши граѓани, како што е примерот со финансирањето на изградба на водоводната мрежа во село Скудриње преку ТАВ Програмата”, рече пред присутните Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека освен во Маврово-Ростуше, преку ТАВ програмата се работи на инфраструктурни проекти и во други општини.

„И не само во општина Маврово-Ростуше, низ целата држава градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти од ТАВ програмата, или завршени се 56 проекти во 56 општини и дека во моментов се работи на 25 други проекти кои се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината со кои Владата ја јакне локалната инфраструктура што значи дека нашите сограѓани добиваат квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот.

Слични содржини