Mercedes-Benz произведе нешто повеќе од 100 примероци од неверојатниот G63 AMG 6×6, но во продажба се појави еден кој не е „оригинал“.
Станува збор за G63 AMG од 2019 година, кој сегашниот сопственик го купи минатата година и го испрати до експертите во Apocalypse Manufacturing во Флорида. Тоа е компанија позната по своите „диви креации 6×6, од кои некои се базирани на Jeep Gladiator“.
Кога го модифицираа моделот на Mercedes, експертите на Apocalypse дадоа се од себе тој да изгледа како „вистински“ G63 6×6 и навистина завршија одлична работа. Модифицираниот G63 доби три портални оски и дополнително беше подигнат, а има и сет од 22-инчни Fuel тркала со 37-инчни Nitto Ridge Grappler гуми. Една од најочигледните разлики помеѓу овој и оригиналниот модел е тоа што овој е малку пократок и нема толку простор за товар.
Во огласот се наведува дека возилото има кевларска заштита, нови чекори и „груба“ црна мат боја. Внатрешноста е обложена со Designo Mystic црвена кожа со црни детали, а предните седишта имаат функции за греење и ладење.
Под хаубата се уште има 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор кој развива 577 КС и 850 Nm вртежен момент.
До аукцијата има уште неколку дена, а највисоката понуда во моментот на пишување беше 100.000 долари.