Callum Vanquish VC25

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Дизајнерот Иан Калум објави слика од неговиот последен проект наречен Callum Vanquish VC25. Тоа е всушност „shooting brake“ верзија на стариот Aston Martin Vanquish, при што првата тизер слика го прикажува страничниот профил на автомобилот.

Како што е наведено во краткото соопштение за медиумите, издолжената линија на покривот овозможува „shooting brake“ каросерија, а додаден е и нов заден спојлер.

Остатокот од дизајнот останува верен на модифицираниот Callum Vanquish од 2020 година, кој имаше неколку промени од оригиналниот Aston Martin Vanquish (вклучувајќи нови тркала од 20 инчи, модифицирана суспензија и спортски издувен систем).

Моторот треба да биде 6.0-литарски V12 со 580 КС, со шестстепен мануелен менувач и погон на задните тркала.

Останува да видиме дали се планира помала, ограничена серија или автомобилот ќе остане единствен