Столтенберг: Сите земји од НАТО се согласни Украина да стане членка на Алијансата, прашање е кога

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни Украина да стане нивна членка, но прашање е кога тоа ќе се случи.

„Прво, сите сојузници се согласни дека Украина ќе стане членка на НАТО. Сите тие се согласуваат дека Украина има право да го избере својот пат и дека за тоа не одлучува Москва, туку Киев. Второ, сите сојузници велат дека вратата на НАТО е отворена, но не можам точно да кажам кога Украина ќе стане членка на Алијансата“, изјави Столтенберг за „Вашингтон тајмс“.

Тој додаде дека она што може да го каже е дека НАТО во моментов соработува со Киев.

Слични содржини