Унгарскиот премиер Виктор Орбан го спореди проектот за обединување на ЕУ со стремежот на Адолф Хитлер за светска доминација, јави ДПА.
-Уште од крајот на Римската империја, се прават напори за повторно воспоставување на истата територија, изјави десничарскиот лидер во унгарскиот град Веспрем.
-Византија, Карло Велики, германскиот император Ото, Наполеон и Хитлер – сите сонуваа, секој на свој начин, за европско единство, продолжи Орбан.
Според него, ситуацијата денес не е поинаква.
-Независното постоење на нациите и идејата за империја, национални култури и европски вредности, суверенитет и, како што беше изразено во Брисел, уште поблиска унија, се присутни истовремено, додаде унгарскиот лидер.
Унгарија се приклучи на ЕУ во 2004 година. Орбан, кој е на власт од 2014 година на начин што се приближува кон авторитаризмот, како што пишува ДПА, постојано се спротивставува на обврските што произлегуваат од членството во ЕУ.
-Овој човек е болен, напиша на Фејсбук лидерот на унгарската опозиција Ференц Дурчани за споредбата на Орбан. Спомнувањето на Хитлер заедно со европската идеја е „болна, одвратна мисла“, додаде Дурчани.