GM повлекува речиси милион возила поради неисправни воздушни перничиња

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Американскиот производител на автомобили General Motors (GM) соопшти дека ќе повлече речиси милион теренци во Соединетите држави бидејќи надувачот на предните воздушни перничиња може да експлодира за време на активирањето.

Повлекувањето опфаќа 994.763 возила Buick Enclave, Chevrolet Traverse и GMC Acadia произведени од 2014 до 2017 година, со модули направени од ARC Automotive Inc.

Дилерите ќе го заменат модулот на воздушното перниче пред возачот, пренесува Ројтерс.

GM објави дека во март е обелоденет извештај дека Chevrolet Traverse од 2017 година учествувал во несреќа и дека надувувачот на предните воздушни перничиња пукнал за време на активирањето.

На 25 април од увидот било констатирано дека пукнала надувката во предното воздушно перниче пред возачот.

Слични содржини