Француската претставничка на „Евровизија“ покажа среден прст

од Radmila Tasevska
323 прегледи

Франција на „Евровизија“ во Ливерпул ја претставуваше пејачката Ла Зара, а синоќа во финалето го зазеде скромното 16. место со песната „Évidemment“.

Велат „кој губи има право да се лути“, но синоќешниот потег на француската пејачка ги шокираше дури и нејзините обожаватели во нејзината татковина.

Имено, таа потајно се надеваше дека може да се вмеша дури и во борбата за врвот, но во текот на финалната вечер и процесот на објавување на гласовите на жирито и публиката беше јасно дека тоа ќе биде само сон.

Во еден момент од финалето, Ла Зара покажа непочитување кон гледачите и организаторите на „Евровизија“, бидејќи покажа среден прст за сите да знаат што мисли за гласањето.

Нејзиниот едноставен гест го сними окото на камерата, а штом осамна на Твитер многумина пукаа кон пејачката.