Поранешен тренер на навивачки е обвинет за злоупотреба на девојчиња на 11-годишна возраст во Јужна Калифорнија и се соочува со слични обвиненија во Флорида, објавија обвинителите. Ерик Џозеф Кристијансон (44) од Тенеси, беше уапсен минатата недела во Фарго, Северна Дакота.
Тој беше екстрадиран назад во Калифорнија, каде што е обвинет за злоставување девојчиња на возраст меѓу 11 и 16 години додека бил тренер на навивачкиот клуб „Меџик Ол-старс“ и бил помошник тренер на навивачки во средното училиште Трабуко Хилс во 2000-тите, соопштија обвинителите.
Кристијансон се соочува со 16 точки од обвинението, вклучително и развратни дела против дете.
Доколку биде прогласен за виновен по сите обвиненија, може да се соочи со доживотен затвор, пишува NBC News.