320
Портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков, денеска соопшти дека нема да има соопштение од Кремљ за здравствената состојба на белорускиот претседател Александар Лукашенко, откако се појавија шпекулациите дека Лукашенко е тешко болен.
Песков рече дека најдобро е да се добијат информации за оваа тема од официјалните изјави на белоруските власти.
Како што наведе „Ројтерс“, Лукашенко ја пропуштил прославата на Националниот ден на државното знаме, грб и химна, што дополнително ги поттикнало шпекулациите за неговото здравје.