191
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва се согласила да го продолжи договорот за жито за уште два месеца, и покрај тоа што не видела напредок во спроведувањето на деловите од договорот кои се однесуваат на Русија.
Лавров истакна дека целта на договорот е да се зајакне безбедноста на храната на најсиромашните луѓе во светот, пренесува „Ројтерс“.
Шефот на руската дипломатија ги отфрли обвинувањата дека продолжувањето на договорот со посредство на Турција е поврзано со претседателските избори во таа земја.