201
Владата на Обединетото Кралство денеска објави нов пакет санкции против Русија, насочени кон компаниите поврзани со кражбата на украинското жито и оние кои се вклучени во испораката на руски енергетски производи.
Во соопштението на британската влада се наведува дека Лондон санкционира 86 физички и правни лица поврзани со кражба и препродажба на украинско жито, пренесува „Ројтерс“.
Санкциите се насочени и против големите руски компании кои се занимаваат со производство на енергија и оружје, вклучувајќи ги и оние поврзани со компанијата Росатом, како и против сопственикот на руската компанија за бакар, Игор Алтушкин.