Бин Салман: Саудиска Арабија е подготвена да посредува меѓу Русија и Украина

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Крунисаниот принц и престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, денеска изјави дека земјата е подготвена да посредува меѓу Русија и Украина.

Изрази и надеж дека враќањето на Сирија во Арапската лига ќе стави крај на кризата во таа земја.

Тој претходно денеска се ракуваше и го прегрна сирискиот претседател Башар ал Асад на самитот на Арапската лига во саудискиот град Џеда, објави „Ројтерс“.

Слични содржини