215
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска повтори дека е обврска на Приштина да формира Заедница на српски општини и додаде дека сака процесите од договорот да се одвиваат што е можно побрзо.
Ескобар посочи и дека има елементи кои се очекува Србија да ги исполни, како што се признавањето на приштинските регистарски таблички, личните карти и други работи.