Лукашенко се појави: Нема да умрам, уште долго ќе се борите со мене (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
307 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко се појави во јавноста и ги отфрли тврдењата дека е во лоша здравствена состојба, пренесува Index.hr.

Во видеото прикажано на државните медиуми, белорускиот претседател (68) им вели на државниците: „Луѓе, нема да умрам“.

Лукашенко, еден од најблиските сојузници на Владимир Путин, не е виден од 9 мај, кога се појави исцрпен на воената парада во Москва.

Сега тој вели дека бил заразен со аденовирус, кој е вирус на обична настинка.

Тој тврдеше дека иако биле потребни само три дена да се опорави од таков вирус, бил премногу зафатен за да се појави во јавноста.

-Нема да умрам луѓе. Ќе треба да се борите со мене уште многу долго, додал тој.

Лукашенко владее со Белорусија од 1994 година.

Слични содржини