„Проширениот“ Volkswagen ID.Buzz во нова најава слика

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Volkswagen неодамна потврди дека на 2-ри јуни ќе ја претстави новата верзија на електричниот ID.Buzz (се работи за модел со подолго меѓуоскино растојание и три реда седишта), а сега, како потсетување на претстојната премиера, објавува нова тизер слика.

Според претходните најави, таа варијанта ќе биде за околу 25 см подолга од моделот со стандардно меѓуоскино растојание и ќе нуди седум седишта со отстранливи задни седишта.

Покрај тоа, 2 јуни ќе биде прогласен за Volkswagen Bus Day, празник создаден за да го прослави Type 2 моделот, како и да го открие неговиот духовен наследник.

Иако верзијата со кратко меѓуоскино растојаниевеќе некое време е во продажба во Европа, Американците ќе треба да почекаат до 2024. Тоа е затоа што Volkswagen на тој пазар ќе продава само верзија со подолго меѓуоскино растојание и три реда седишта.

За да се одбележи лансирањето на новата верзија на ID. Buzz, Volkswagen ќе биде домаќин на глобален настан во Хантингтон Бич, Калифорнија.

Актуелниот модел има батерија од 82 kWh и автономија од 423 километри со едно полнење. Со повеќе простор за батерии, и двете од овие бројки се очекува да се зголемат со верзијата со долго меѓуоскино растојание.

Volkswagen исто така навести дека новиот модел би можел да добие поголема моќност од сегашниот модел, кој има 150 kW/204 КС и 310 Nm вртежен момент.