345
На меѓународниот фудбалски турнир кој се игра во Франкфурт, Германија, дошло до немири и тепачка во која тешко е повредено 15-годишно момче.
По натпреварот помеѓу францускиот Metz и JFC од Берлин, дошло до општа тепачка во која германски тинејџер бил удрен во главата или вратот, поради што изгубил свест. Го реанимирале на терен, а потоа итно бил однесен во блиската болница, пишува DW.
Првичните информации беа дека тинејџерот починал во болница, но подоцна германските медиуми објавија дека доживеал мозочна смрт. Лекарите дале се од себе, но се чини дека повредите биле претешки.
Поради ова германската полиција приведе 16-годишно момче и член на францускиот клуб Metz.