Седум осомничени поддржувачи на терористичката организација Исламска држава се уапсени во неколку германски покраини, соопшти во средата наутро Федералното јавно обвинителство, пренесува dpa.
Истрагата се однесува на финансирањето на Исламската држава, рече обвинителот.
Ова претходно го објавија локалниот берлински весник BZ и таблоидот Bild.
Четири лица се уапсени во Северна Рајна-Вестфалија, а по едно лице во Баден-Виртемберг, Рајна-Пфалц и Бремен, објави обвинителот.
Обвинителството ги товари уапсените мажи и жени, од кои повеќето се германски државјани, за поддршка на терористичка организација.
Покрај тоа, рации беа извршени во средата наутро во Берлин, Баварија, Бремен, Баден-Виртемберг, Хамбург, Хесен, Рајна-Пфалц, Тирингија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија, рече обвинителот со седиште во југозападниот град Карлсруе.