НАТО: Кина да биде потранспарентна во врска со нуклеарното оружје

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Помошникот генерален секретар на НАТО, Ангус Лапсли, денеска ја повика Кина, како глобална сила, да биде потранспарентна кога станува збор за складирањето нуклеарно оружје.

Тој на безбедносната конференција Шангри-Ла во Сингапур рече дека НАТО е подготвен да разговара со Пекинг за ова прашање.

„Како глобална сила, Кина има одговорност да биде потранспарентнa“, рече Лапсли, додавајќи дека обемот и темпото на подемот на Кина „се навистина зачудувачки“, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини