НЕПРИЈАТЕН ДОЧЕК: Олаф Шолц исвиркан на политички митинг (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
348 прегледи

Група Германци го исвиркаа германскиот канцелар Олаф Шолц на политички митинг во градот Фалкензи и го обвинија за поттикнување војна, пишува германскиот весник Билд.

На видеото, кое го објавија германските медиуми, може да се види како група луѓе го исвиркуваа говорот на Олаф Шолц, нарекувајќи го „поттикнувач на војна“, „лажго“ и „бандит“.

По излегувањето на трибината, Шолц зборуваше за помошта за Украина, но неговиот говор беше проследен со гневни извици и негодувања од публиката.

Премиерот на Бранденбург, Дитмар Вајдке излезе на говорницата и се обиде да ја смири толпата, но незадоволните граѓани продолжија да извикуваат недолични зборови,

Претходно во Талин, Шолц рече дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина „се додека е потребно“.

 

Слични содржини