Електричниот Chery iCar 03

од Vladimir Zorba
216 прегледи

iCar е нов подбренд на кинеската компанија Chery, која според најавите ќе произведува високотехнолошки електрични автомобили за млади „богаташи“.

Ова е нивниот компактен кросовер iCar 03, чие производство ќе започне во октомври.

Автомобилот е долг 4200 mm, широк 1830 mm, висок 1700 mm и меѓуоскино растојание од 2700 mm, додека тркалата се 19 инчи.

Прочитајте повеќе:

Освен што ќе има електричен погон, засега нема конкретни детали (иако некои извори неофицијално споменуваат автономија од 500 километри). Познато е и дека ќе има верзија со два електромотори и погон на четири тркала.

Во кратката вест се наведува и дека iCar 03, меѓу другото, ќе добие автопилот на ниво 2, десет режими на возење, како и виртуелен асистент i-VA.

Копчињата за допир за прилагодување на температурата на контролата на климата, јачината на звукот на аудио системот и осветленоста на позадинското осветлување се вградени во предниот панел пред патникот.

Основниот iCar 03 ќе чини околу 150.000 јуани (19.750 евра).