Американскиот државен секретар Антони Блинкен и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман разговараа за економската соработка и чистата енергија за време на средбата, соопшти Стејт департментот, среде несогласувањата меѓу двете земји за низа прашања.
„Секретарот … нагласи дека нашите билатерални односи се зајакнати со напредокот во човековите права“, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
„Секретарот и престолонаследникот разговараа за продлабочување на економската соработка, особено во областа на чистата енергија и технологијата.
Посетата на највисокиот американски дипломат на најголемиот светски извозник на нафта од 6 до 8 јуни доаѓа неколку дена откако Ријад најави дополнителни намалувања на производството на нафта, потег кој најверојатно ќе ги зголеми тензиите во односите меѓу САД и Саудиска Арабија, пишува „Ројтерс“.
Односите се веќе затегнати поради состојбата за човековите права во кралството и споровите околу американската политика кон Иран.