290
Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Белорусија поради поддршката за рускиот напад врз Украина, кој вклучува забрана за увоз, извоз и мерки за спречување, како што се наведува, интернет пропаганда, пренесе „Ројтерс“.
Британската новинска агенција додава дека Белорусија, предводена од претседателот Александар Лукашенко од 1994 година, е најголемиот сојузник на Русија на поранешните советски републики, и дозволи нејзината територија да се користи за напад на Украина.
Минатиот месец Русија одлучи да распореди тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија.