286
Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско слушање на територијата на Куба, изјави денеска портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер, додавајќи дека пишувањето на WSJ (Волстрит журнал) е неточно.
„Можам да ви кажам, врз основа на информациите што ги имаме, тоа не е точно, дека немаме информации дека Кина и Куба развиваат нов тип на шпионска станица“, рече Кирби на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
WSJ претходно објави дека Кина и Куба постигнале таен договор за поставување на кинеска шпионска станица за електронско прислушување на островот и дека објектот ќе се наоѓа на околу 100 милји од Флорида.