180
Папата Франциск помина уште една мирна ноќ во болница, два дена по операцијата на кила за која лекарите рекоа дека поминала според планираното, соопшти денеска Ватикан.
„Ноќта помина добро. Ќе имаме повеќе информации во текот на денот“, соопшти прес-службата на Ватикан, пренесе „Ројтерс“.
Папата во средата помина три часа на операционата маса, а лекарите по процедурата рекоа дека се поминало добро и дека папата не треба да има никакви проблеми за време на патувањата и другите активности за време на закрепнувањето.
Д-р Серџо Алфиери, главниот хирург кој го оперираше папата во римската болница Гемели, во средата рече дека папата добро реагирал на анестезијата и додаде дека очекува тој да помине пет до седум дена на опоравување во болница.