276
Францускиот претседател Емануел Макрон, говорејќи на самитот Глобесек во Братислава, рече дека санкциите на Западот ја „туркаат Белорусија кон Русија“, објави денеска „Киев индепендент“.
„Го ставивме (Лукашенко) во ситуација да биде ‘заробен’ од Русите“, рече Макрон, алудирајќи на санкциите наметнати на Минск по претседателските избори во 2020 година, на кои имаше немири бидејќи опозицијата тврдеше дека гласовите биле наместени.