181
Полицијата во Сан Франциско соопшти дека во петокот вечерта во квартот „Мишн“ биле ранети девет лица, а врз нив било пукано од возило во движење, објави „Сан Франциско хроникл“.
Пукањето се случило околу 21 часот по локално време.
„Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката, од кои се очекува сите да преживеат. Засега се чини дека инцидентот бил со предумисла и изолиран. По тој инцидент, веќе немало никаква опасност за јавноста“, соопшти полицијата во Сан Франциско.