308
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси го одложи планираното патување и посета на нуклеарната централа во Запорожје, која е под руска контрола, додека не се подобри безбедносната ситуација, изјави денес неименуван висок функционер на украинската влада.
Гроси требаше да ја посети нуклеарната централа денеска по разговорите во Киев, но официјалниот претставник за „Ројтерс“ изјави дека посетата ќе биде одложена, без да прецизира кога Гроси ќе го посети Запорожје.
Руската новинска агенција „Интерфакс“ објави дека локален руски функционер рекол дека Гроси ќе ја посети нуклеарната централа во четврток.