Електричниот Aehra Sedan (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Aehra е италијанско-американски старт-ап кој првпат покажа електричен теренец минатата година (со кој планира да им конкурира на моделите како BMW iX и Mercedes EQS SUV), а сега ја одржа и премиерата на својот електричен седан со кој ќе го нападне Porsche Taycan.

Иако веста не ги содржи сите детали, засега е познато дека Aehra Sedan ќе има батерии од 100 kWh до 120 kWh, електромоторите ќе имаат моќност од 748 КС до 816 КС, а автономијата од околу 800 километри со едно полнење е очекувано.

Исто така, максималната брзина ќе биде 265 km/h (што важи и за SUV моделот Aehra).

Што се однесува до димензиите, должината е 510 cm, ширината е околу 200 cm, висината е 143 cm, додека тркалата се до 24 инчи. Во веста се вели и дека тежината на возилото е под два тона.

Главниот дизајнер на Aehra, Филипо Перини, кој некогаш работел за Lamborghini, вели дека фирмата ги „избегнала конзервативните ограничувања“ на дизајнот на ЕВ. Обликот на автомобилот исто така беше создаден имајќи ја предвид ефикасноста, за да се намали отпорот и да се промовира ладењето на сопирачките и батериите.

Според најавите, внатрешноста ќе нуди „удобно“ сместување за четири или пет возрасни лица, а возачот и патниците ќе уживаат во просторот за нозете благодарение на долгото меѓуоскино растојание (300 см).

Првите испораки на клиентите според сегашните планови започнуваат во 2026 година (во Италија, Германија, Велика Британија, САД), а Aehra претходно најави дека ќе произведува до 25.000 единици од секој модел годишно.

Што се однесува до цената, според некои претходни најави, Aehra Sedan ќе чини околу 160.000 долари, а теренецот околу 180.000 долари.