Hyundai Motor Group соопшти дека инвестирала 1,3 милијарди вони (1,02 милијарди долари) во глобални стартапи во секторите на електрификација, вештачка интелигенција (AI) и автономно возење, како дел од нејзините напори за унапредување на идните решенија за мобилност.
Корејската автомобилска групација има инвестирано во повеќе од 200 стартап компании во 13 земји од 2017 година до првиот квартал од оваа година. Во најавените инвестиции не се вклучени инвестициите на Hyundai во американската компанија за роботика Boston Dynamics, Motional и Supernal во последните години, пишува Korea Times.
Motional е заедничко вложување основано од Hyundai Motor и американскиот стартап за мобилност Aptiv. Supernal е компанија за урбана воздушна мобилност на групата со седиште во Вашингтон.
„Hiyndai“ рече дека „ќе ги зајакне стратешките партнерства со глобалните стартапи преку инвестиции во капитал, заеднички вложувања и спојувања и превземања за деловни синергии“.
Групата во четвртокот го одржа настанот HMG Open Innovation Tech Day во западен Сеул за да им даде можност на своите пет домашни стартап партнери да ги претстават своите технологии пред локалните медиуми.
Петте стартапи се фирмата за испорака на роботи Mobinn, фирмата за 3D ласерско скенирање Mobil Tech, фирмата за виртуелно производство на луѓе базирана на вештачка интелигенција Metaverse Entertainment, стартапот со беспилотни летала за автономно возење ViewMagine и фирмата за дистрибуција на музика приспособена Aplaiz.