Бројот на луѓе во поплавите по уништувањето на браната Каховка на левиот брег на Дњепар во Украина се искачи на 16, објавија украинските власти.
Во меѓувреме, руските власти објавија дека 29 лица загинале како последица на поплавите на територијата на десниот брег на Дњепар контролирана од официјална Москва, пренесува Ројтерс.
Во бранот поплави по уривањето на браната Каховка, уништено е обработливото земјиште и прекинати се снабдувањето на цивилното население, а повеќе од 3.600 луѓе се евакуирани од областите Херсон и Миколаев, додека 31 лице сè уште се водат како исчезнати.