Борче Макаловски од Прилеп како резултат на ендокринолошко нарушување по преживеан стрес се здобива со сериозни здравствени проблеми дијабетес, холестерол и срцеви проблеми. Од нормален човек со активен начин на живот, тој станува непрепознатлив со психички проблем и енормна тежина. Со цел да се избори со својата состојба и да го врати повторно животот во свои раце, тој се обрати во Клиника Жан Митрев каде под надзор на интердисциплинарен тим составен од ендокринолози, психолози, интернисти и физиотерапевти ја започна својата битка за подобро здравје. Тежината од над 290 килограми сериозно му ја отежнуваше состојбата и севкупното живеење од психолошки аспект, но и од аспект на движење и оптовареност на срцето, кои му предизвикале и други дополнителни проблеми.
Александра Тодоровска од Скопје речиси неподвижна во последните 2 години, како резултат на својата тежина, се обрати во Клиника Жан Митрев за лекување на оваа состојба и сите останати коморбидитети предизвикани од истата.
И двајцата беа ставени на индивидуализирани програми по мерка со цел да им се помогне. Благодарение на истрајноста на Борче и Александра, секако со помош и под континуиран надзор од тимот лекари, психолози и физиотерапевти, веќе се видливи резултатите. Тие по еден месец престој во болницата не се веќе во инвалидски колички туку се движат сами, среќни и расположени за шансата за втор живот.