Шолц упати предупредување: „Војната во Украина може да трае долго“

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Западните земји треба да ги насочат своите политики и да бидат подготвени за сценариото на долготрајни борби во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

Шолц ова го изјави на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Мораме да се прилагодиме на фактот дека руската војна против Украина може да трае долго. За ова се подготвуваме и кон тоа ја ориентираме нашата политика“, рече тој.

„Германија ќе ја поддржува Украина се додека е потребно, но исто така е јасно дека НАТО нема да стане страна во конфликтот“, истакнува германскиот канцелар.

Слични содржини