Блинкен: Треба да се затвори „случајот балон“ со Кина

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека „случајот со кинескиот шпионски балон“, кој годинава беше соборен над Америка, „треба да биде затворена страница“.

„Ние го направивме она што требаше да го направиме за да ги заштитиме нашите интереси, рековме дека мора да ги расчистиме работите за да не се повторат. Се додека не се повторат, случајот е затворен“, рече Блинкен во интервјуто за MSNBC.

За односот меѓу САД и Кина зборуваше и американскиот дипломат задолжен за западниот дел на Азија, Даниел Критенбринк, кој рече дека успешно и одговорно управување со односите меѓу САД и Кина ќе биде можно само доколку постои „двонасочна улица“.

Слични содржини