Mansory претходно го покажа модифицираниот Mercedes-AMG SL 63 4MATIC+, а во меѓувреме се појави уште еден интересен модел од нивната понуда.
Накратко, овој сиво-црн примерок доби аеро каросерија од јаглеродни влакна (преден спојлер, отвори за воздух, хауба, комплет прагови, заден дифузор…), комплет црни алуминиумски тркала од 21 и 22 инчи, значки Mansory, дво – тонски кожен ентериер, како и засилен мотор.

Така, сега 4,0 литарскиот твин-турбо V8 мотор има 850 КС и 1150 Nm вртежен момент.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди, а максималната брзина е 322 km/h.