СУПЕР интересен концепт најавува серија нови модели на некогаш познатиот италијански бренд.
Lancia во последниве години, најблаго речено, беше запоставена, а опстана пред се благодарение на малиот Ypsilon, кој обезбеди присуство на пазарот на овој навистина посебен бренд. Сега под Stellantis се буди Lancia, па во блиска иднина ќе бидеме сведоци на премиера на најмалку три нови модели.
Сите нив ги најавува концептот Pu+Ra HPE, кој, судејќи според последните информации, бил многу повеќе од дизајнерска вежба и тест.
Концептот не е статичен, туку возен модел, а честа да го вози ја доби првиот човек на марката, Лука Наполитано. Тоа е дел од големата промоција на брендот, во чии рамки Lancia ќе посети шест земји и ќе се подготви за пристигнување на нови модели со нивно претставување таму.
Официјалното видео открива како Pu+Ra е динамичен концепт кој може да се движи со сопствената моќ. Се придвижува од електричен погон, но Lancia се уште не открива никакви детали поврзани со погонот.