387
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека вчерашното убиство на 17-годишно момче од страна на полицијата во Париз е „непростливо“.
„Имаме адолесцент кој беше убиен. Тоа е необјасниво и непростливо“, им рекол Макрон на новинарите во Марсеј, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека ништо не ја оправдува смртта на еден млад човек, повикувајќи ги правосудните органи да си ја завршат работата.