Пронајден пасош во канцеларијата на Пригожин што го користел неговиот двојник

од Nikola Popovski
441 прегледи

Пасошот пронајден при претресот на канцелариите на руската паравоена група „Вагнер“ го користел двојникот на Евгениј Пригожин за влез во Литванија во 2020 година, во обид да направи скандал, соопшти денеска литванската контраразузнавачка служба.

Во соопштението се наведува дека пасошот бил користен за „информативен напад“ врз Литванија. Како што се прецизира, целта била да се наруши европската солидарност, со што би се толкувало дека Пригожин ги прекршил санкциите за да ја посети Литванија, пренесува Ројтерс.

Фактот дека пасошот бил пронајден во канцеларијата на Пригожин сугерира дека тој самиот бил дел од заговорот.

„Литванските разузнавачки служби проценуваат дека документот докажува дека информативниот напад го извршиле субјекти под контрола на Пригожин, веројатно во договор со тајните служби на рускиот режим“, се наведува во соопштението, пренесува Танјуг.

Слични содржини