Американскиот тјунер VF Engineering подготви пакет подобрувања компатибилен со стандардниот модел на Audi R8 V10, R8 V10 RWS и R8 V10 Plus во сите нивни различни спецификации.
Главната компонента на системот е компресорот Eaton TVS2300 со систем за ладење воздух-вода. Пакетот може да се комбинира со 5,2-литарскиот V10 мотор без дополнителни хардверски модификации, што го прави целосно реверзибилен.
Резултатот е 830 КС и вртежен момент од 850 Nm кога се користи гориво од 91 октан. Има и малку послаб пакет кој овозможува 800 КС и чини 31.995 долари, што значи дека претходниот е помоќен и поскап.
VF Engineering користи компресор од шестата генерација TVS2300 кој доаѓа со најновата генерација на роторот со четири сечила на Eaton.
VF Engineering може да го промени и изгледот на Audi R8. Без разлика на верзијата, автомобилот може да се обои светло зелена за дополнителни 3.000 долари.