ВО ПРИЛЕП ПРЕГАЗЕН ПЕШАК: Возачот побегнал

од Radmila Tasevska
393 прегледи

Денес во 01.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат А-3 Прилеп-Ресен, во близина на место викано „Петилеп“, патничко возило удрило во пешакот А.А.(43) од Прилеп и го напуштило местото.

„По несреќата пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, велат МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

Слични содржини