Казнети 522 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

од Radmila Tasevska
275 прегледи

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 522 возачи.

Од нив, 41 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што денеска соопштија од МВР, 227 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 295 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.