Порталот „Слободна Далмација“ речиси секојдневно добива информации за тоа колку е скапо хрватското приморје. Поради оваа причина, уредниците на овој портал решија од прва рака да проверат како се движат цените на можеби најпопуларниот остров, Хвар. Заклучокот е јасен – цените на храната и пијалоците на крајбрежјето вртоглаво пораснаа, особено во рестораните.
Како што процениле, ден во Дубровник не може да помине без100 евра, додека туристите процениле дека Хвар е веројатно најскапиот на светот.
Елитна промоција – без цена
На интернет можете да видите многу за понудата на поединечни ресторани на Хвар, се разбира без цените. Според овој портал, порција печени лигњи се движи од 32 до 35 евра, печено јагнешко месо од 26 до 35 евра, а пица од 13 до 14 евра.
Цената на литар пиво се движи од седум до осум евра, соковите од четири до пет евра, а два децилитри вино од седум до 10, па и 14 евра, во зависност од виното и сортата.
Погледот на дел од понудата од 2021 година покажува дека лигњите на скара се нуделе од 10 до нешто повеќе од 11 евра, а сега 200 отсто повеќе.
Топка сладолед на Хвар моментално чини од две до три и пол евра. Парче пица чини и до осум евра.
Лежалки од „само“ 20 евра
Во заливот кај Хвар има квалитетен ресторан во кој нема печени лигњи или јагнешко месо, но можете да јадете одлични тестенини со ракчиња за 16 евра, хамбургер за 14 евра, а во градот истото јадење се продава за 19 евра.
Што се однесува до пијалоците, коктелите се 11 евра во тој залив, а во градот од 13 до 24 евра, половина литар пиво е пет евра, соковите се четири евра, а два децилитри вино три и пол евра.